Contact : +389 (02) ---- ------ - Email: advokati@milanovic-josifovski.mk

Macedonian English French German Italian Portuguese Russian Spanish

adv5a

Стевица Јосифовски, адвокат, дипломирал на Правниот факултет “Јустинијан Први” во Скопје во 1996 година. Неговото професионално искуство започнува во Основното јавно обвинителство во Скопје, каде од периодот од 1996-1999 година работел како практикант, за од 1999-2001 година да биде вработен како стручен соработник во Основното јавно обвинителство во Гостивар. Својата кариера ја продолжува во Монополска управа (денес Комисија за заштита на конкуренцијата) при Министерството за економија на Република Македонија, како раководител на одделот за донесување одлуки, во периодот од 2001-2005 година. Во 2005 година, започнува со работа во Македонски Телеком АД Скопје на работно место - Виш менаџер за регулативни работи и право, за после 4 години, во 2009 година да биде унапреден во Раководител на одделение за регулативни и правни работи. Благодарение на неговата посветеност и стручност во работата, во 2010 година е поставен на позиција Директор на Сектор за правни работи во Македонски Телеком АД Скопје и Т-Мобиле Македонија, се до 31.12.2014 година, кога ја напушта компанијата и својата кариера ја продолжува како адвокат во Адвокатска канцеларија “Милановиќ-Јосифовски”.

За време на своето долгогодишно искуство се стекнал со исклучителни знаења и способности од областа на телекомуникациите, стопанското право, право за заштита на конкуренција, право за заштита на личните податоци и приватност, корпоративното право, правото од областа на градбата, вклучително и правото на недвижностите, договорното право, право на медиумите, авторско право, право за заштита на потрошувачите, сите судски постапки и други правни гранки.

Течно зборува англиски и српски јазик.

Новости

Најновите закони

 

За нас

МИЛАНОВИЌ- ЈОСИФОВСКИе динамична, амбициозна и иновативна адвокатска канцеларија, која тежнее кон воспоставување на долгорочна деловна соработка со клиентите, на основа на принципот на меѓусебна доверба и почитување.Повеќе

Контакт информации

ул.”Мирче Оровчанец” бр.16/3
1000, Скопје, Македонија

+389 (02) 3220 284

advokati@milanovic-josifovski.mk

lawyers@milanovic-josifovski.mk

Новости

Наскоро повеке информации и фотографии...... ..